Нимиц: И на Гугл можете да пребарувате и преведувате на македонски

Метју Нимиц додава дека и на неформална основа ако некој пристапи на Google Translate кој е широко распорстранета он-лајн алатка, македонскиот е еден од јазиците на кои може да се пребарува и преведува.

312

Неприфаќањето и нестапувањето во сила на Договорот од Преспа би можело да има длабоки па дури и опасни последици, оценува специјалниот пратеник на ОН во разговорите меѓу Скопје и Атина за прашањето за името, Метју Нимиц, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Нов договор и „брзо решение“, ако не успее Преспанскиот, не се можни, а двете страни веројатно ќе се повлечат и од многу прашања кои веќе се договорени. Тоа може да предизвика различни сценарија од кои некои ќе имаат и сериозни последици, вели Нимиц.

Евентуалниот нов договор меѓу Скопје и Атина, според него, би траел со години, а не со месеци, бидејќи сите прашања вклучувајќи го и името за севкупна употреба – ерга омнес ќе бидат вратени на почетна позиција, а веројатно ќе има и различен политички моментум во двете земји, како и промени во регионалната и глобалната политичка сцена, истакнува Нимиц.

– Двете страни, речиси 25 години, од потпишувањето на Времената спогодба во 1995, работеа со добра волја да ги разрешат контроверзните прашања. Договор конечно беше постигнат по долгогодишни интензивни и тешки разговори и преговори, бидејќи секоја страна веруваше дека успеала да ги постигне суштинските елементи од своите национални интереси, со разбирање дека договорот ќе донесе мир, стабилност и пријателство, наместо продолжување на конфликтот – вели Нимиц.

Прашан дали во Обединетите нации јазикот ќе биде признат „македонски“, Нимиц посочува дека во официјалната листа на земји вклучувајќи ги и јазиците која е подготвена од Групата експерти на ОН за географски имиња (UNGEGN), земјата е напишана „поранешна југословенска Република Македонија“ со референца „македонски“ (mk: Macedonian).

Објаснува дека во 1992 година UNGEGN почна да ја ажурира официјалната листа на имиња на држави, вклучувајќи ги и јазиците и на неа се 194 земји. На 94-та страница на документот постои регистрација за „поранешната југословенска Република Македонија и под назнаката јазик стои „Macedonian” (mk: Macedonian).

Метју Нимиц додава дека и на неформална основа ако некој пристапи на Google Translate кој е широко распорстранета он-лајн алатка, македонскиот е еден од јазиците на кои може да се пребарува и преведува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...