Вилијамс: Плишкова го одигра својот најдобар меч

188
ФОТО: EPA

Американската тенисерка Серена Вилијамс по пропуштената голема шанса да се пласира во полуфиналето на Австралија опен, рече дека ривалката во четвртфиналето го одиграла мечот на кариерата.

Вилјамс загуби од Плишкова со 2-1, при тоа не реализира четири меч топки, и испушти водство од 5:1 во третиот сет.

– Каролина одлично играше кога резултатот беше 5:1 за мене. Никогаш не сум видела нешто слично. Не можам да кажам дека направив нешто погрешно во овој натпревар. Таа само го одигра својот најдобар меч, особено во завршницата кога се одлучуваше победникот – изјави Вилијамс.

Во полуфиналето, Плишкова ќе игра со Јапонката Наоми Осака.

ФОТО: EPA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...