Седум браќа и сестри загинаа во пожар кој избувнал во нивниот стан во Дамаск.
Загинатите се деца на возраст од три до 13 години, а нивните тела се префрлени во болница, соопшти неименуван претставник на локалната полиција. Причината за пожарот во станот кој се наоѓал на четвриот кат од една зграда засега не е позната, но се претпоставува дека го предизвикала електрична греалка.
Во извештајот не се наведува што се случило со родителите на децата.
Сирискиот премиер Ехмад Хамиз го посети местото на несреќата.