Премиерот Зоран Заев во неговото вчерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат ТВ, рече дека го знае човекот кој му ги направил двете лузни на лицето, но оти не го пријавил.
– Тој што ја направи најголемата лузна и оваа другата, апсолутно не е фатен во ниеден процес заради тоа што не го фатиле камерите. Јас го знам кој е човекот, што требаше сега? Да го пријавам? Има две деца, не е фатен – рече Заев во дел од неговите одговори кога зборуваше за амнестијата и за процесот на помирување.
ФОТО: EPA/STR