Зврлевски бил на распит за снимените разговори во обвинителството

445

Поранешниот републички јавен обвинител Марко Зврлевски бил во скопското обвинителство на распит за снимените разговори во телефонската централата во новата зграда на обвинителството, објави „Независен весник“.

Тој е последниот на листата сведоци кои досега биле повикани за овој случај кој сѐ уште се наоѓа во предистрага.

Наследникот на Зврлевски како прв човек на обвинителството, Љубомир Јовески, на брифинг со новинарите пред околу два месеци обелодени дека биле откриени два хард диска со снимени разговори од фиксните телефони во новата зграда на обвинителството. Првично беа пронајдени разговори од 30 септември 2016 па до дента кога Јовески го обелодени случајот, но потоа тој изјави и дека има индиции дека разговорите се снимани од моментот на пуштањето на телефонската централа во 2013 година.

Исто така, тој нафрли сомнежи во јавноста дека телефонските разговори се снимани и во централата на Кривичниот суд во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...