Самет Асани: Со хроно режимот стопив 27 килограми и се чувствувам одлично!

Сега, кога резултатите се видливи, и мојата сопруга сака да ја посети ординацијата „Срце“ и да започне со хроно исхраната, вели Самет од тетовското село Доброште.

962

Дека хроно режимот на исхрана не е популарен само во големите градови, туку и меѓу жителите на селата, е пример 34-годишниот Самет Асани од тетовското село Доброште. Пред да започне со овој диетен режим, Самет имал 104 килограми. Килограмите почнале да му стануваат вистинска мака, кога почнал да чувствува болки во нозете. Секако, со ваквиот значаен вишок на килограми и не можел да биде многу подвижен, но најпосле се загрижил и за сопственото здравје.

Хроно режимот на исхрана го започнав не само за да ослабнам, туку најмногу од здравствени причини. Особено ме загрижуваа болките во нозете. Денес, можам да ви кажам дека многу сум задоволен од својот изглед и можам да се пофалам со одлично здравје, ни раскажува Самет.

Во Центарот за внатрешни болести „Срце“ се обратил пред седум месеци. По проверката на неговата здравствена состојба, му бил препишан хроно режим на исхрана. Така, веќе седум месеци Самет се придржува на протоколот, и во овој период успеал да „стопи“ неверојатни 27 килограми! Сега има 77 килограми, но не мисли да престане со диетата. Полна уста пофалби има за тимот на доктори од Центарот „Срце“.

– Продолжувам понатаму, сѐ додека ме советуваат докторите, зашто мојата цел е да бидам здрав. А симнувањето на килограмите повеќе не е проблем – заклучува Самет.

За хроно диетата слушнал од една пријателка на неговата сопруга. Сопругата и семејството биле главните поддржувачи на новиот режим на исхрана на Самет, па затоа и не му било тешко да се откаже од штетните стари навики и да прифати здрави.

– Воопшто не ми беше тешко да се откажам и од слатките. За време на диетата, јадев секаков вид месо и салати. Сега, кога резултатите се видливи, и мојата сопруга сака да ја посети ординацијата „Срце“ и да започне со хроно исхраната. На сите им кажувам дека се чувствувам одлично! На сите им ја препорачувам оваа диета – завршува Самет.

Хроно исхраната се базира на три основни принципи. Вклучува три главни оброци во денот, а временскиот распоред на оброците треба да биде помеѓу четири и шест часа. Појадокот е најтемелниот оброк во денот. Предноста на хроно исхраната е и во тоа што доведува до алкализација на организмот, односно до негово обескиселување. Важно е да се консумираат намирници со низок гликемиски индекс. Резултатите во слабеењето и подобрувањето на здравјето се многу брзи и почнуваат да се чувствуваат веќе за неколку дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...