Иако брачниот пар Шимиќ тврдел дека не е виновен за смртта на бебето, судот во Босна и Херцеговина наредил да му дадат име на убиеното новороденче, пренесува „Курир.рс“.
Педесет и седумгодишниот Миле и неговата 26-годишна сопруга се наоѓаат во притвор поради сомнение дека го убиле своето бебе. Тие се осомничени оти веднаш по излегувањето од болница го фрлиле момчето во провалија.
Наводно, откако жената се породила, мажот отишол заедно со двете малолетни деца да ја земе од болница.
Со возилото семејството се упатило кон домот, но тогаш Миле запрел кај провалија, а неговата сопруга ги изнела децата од автомобилот и ги однела подалеку, за да не видат што ќе направи нивниот татко.
Миле го фрлил бебето во провалија и потоа сите продолжиле кон Мостар.
Парот се изјаснил оти не е виновен за убиството. Поради погребот, родителите се принудени со закон да му дадат име на убиеното новороденче.
Осомничените имаат уште три деца, најстарото дете има пет години.
ФОТО: Принтскрин / Аваз.ба / Профимедиа / Курир.рс