Претставничкиот дом во САД одобри закон со кој се забранува американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече државата од НАТО.
Законот „За поддршка на НАТО“ беше одобрен со 357 гласа „за“ и 22 „против“. Со него се предвидува „спречување на какви било обиди на претседателот да ја напушти Алијансата и забранува користење буџетски средства за таков чекор“, појасни еден од подносителите – Џим Панета од Демократската партија.
Законот го поддржува препораките државите членки на НАТО да одвојуваат најамалку два отсто од БДП за одбрана и предлага давање значителни средства за т.н. Европска иницијатива за одговор на руска агресија.
Пред неколку дена „Њујорк тајмс“ објави дека Трамп минатата година предложил САД да се повлечат од НАТО.
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO