Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу, за време на својата дводневна посета на Македонија изрази поддршка за европската реформска агенда на земјата.
На средбите со премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за надврешни работи Никола Димитров и со други високи преставници на извршната и законодавната власт, Брегу честиташе за усвојувањето на уставните измени и за ратификувањето на Договорот од Преспа, истакнувајќи дека тоа не само што го утврдува патот кон НАТО и кон пристапните преговори со Европската унија, туку истовремено е добра вест и претставува позитивен ветер за целиот регион.
Брегу истовремено честиташе и за влегувањето во сила на Законот за употреба на јазиците, со што албанскиот јазик се промовира како втор службен јазик.
На средбите со Заев и Димитров, како што соопшти РСС, Брегу доби честитки за нејзинито наименување на функцијата и поддршка за работата и активностите на Советот.
Средбите на Брегу беа во рамките на политичките консултации низ регионот, почнувајќи од Сараево, продолжувајќи со Приштина и Скопје, по што следуваат посети на Тирана и Белград.
РСС е своевидно извршно тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа чиј основач и полноправн член е и Република Македонија. РСС е главно насочен на проекти за олеснување и прмовирање на регионалната соработка во насока на европеизација на регионот.