Димитров: Не ја исклучувам можноста да се кандидирам за претседател на државата

516

Не ја исклучувам можноста да се кандидирам за претседател на државата, порача вечерва во 24 Отворено, министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој вели дека избор на кандидатот се наоѓа во процес на консултации, преговори, а се проверува и мислењето на граѓаните на анкети.

– Тоа што се спомнува моето име како можен кандидат за претседател е чест. Можеме да влечеме поуки од изминатите години и сето она што се случуваше како аболицијата, непотпишувањето на законите, има многу лекции за учење. Дебатата дали сакам да бидам претседател, ја водам сам со себе. Јас сум човек кој што води значаен сектор, а не е член на партија, тоа е една важна работа. Од сево ова произлегува дека не ја исклучувам можноста да се кандидирам за претседател – изјави Димитров.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...