Докторка од Македонија ќе лекува на Хвар, единствена се јавила на оглас кој нуди и бонус од 6.700 евра

2325

Во гратчето Суќурај, на хрватскиот остров Хвар, огласот за лекар за општа медицина трае веќе половина година, јавува ХРТ.

Освен платата и станот, општината нуди и голем бонус. Но од Хрватска никој не се јавил на огласот. Единствена заинтересирана за работата била – докторка од Македонија.

 

Амбулантата во Суќурај е празна. Нема пациенти, бидејќи нема ни лекари. Медицинската сестра е сама. И не ѝ е првпат во 37 години работен стаж.

Три пати неделно на два-три часа во гратчето на испомош доаѓаат доктори од гратчето Јелса. Тоа е привремена мерка, која трае веќе половина година. Толку и трае огласот за лекар, на кого, освен платата и бесплатниот стан, општината нуди и бонус од 6.728 евра годишно.

– До денеска никој не се пријавил на огласот. Имаме најава дека би можело да ни дојде докторка од Македонија, се чека да се средат документите. Значи никој од Хрватска не сака во Суќурај – рекол градоначалникот на општината Иван Славиќ.

Најблиската Итна помош е во Јелса, до неа има 53 километри. Патот е лош, жителите на Суќурај велат дека не се стасува во рамките на „златниот час“ на Итната. И не е оваа приказна единствена, тоа е случај и во другите мали места на островите. Лекари нема ни за лек, пишуваат хрватските медиуми.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...