Законот за пазарите ставен „под тезга“ една година

413
20150619 Friday 1114 pazar penzioneri vtornik petok sabota nedela domati

Законот за трговија на зелени пазари одложен за една година, решија денеска пратениците во Собранието наРМ.

Допрва ќе се „крои“ нов закон, и тоа во консултација со сите засегнати страни – истакнаа од коалицијата на владејачката СДСМ, ДУИ и ЛДП. Тие признаа дека била сторена грешка со постојниот закон, а сметаат и дека лиценците се непотребни и се дополнителен трошок на пазарџиите.

Предлагачот на Законот за трговија на зелени пазари, Ејуп Алими, во врска со тоа  дали смета дека ваквата одлука е задоцнета, бидејќи законот е веќе донесен, одби да одговори на македонски јазик.

Предлагачи на овој закон, кој предизвика бурни реакции кај пазарџиите, беа и Артан Груби, Весел Мемеди и сегашниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој од како пратеник беше дел од групата на предлагачи.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара целосно укинување на законот за трговија на зелени пазари.

Министерот за економија Крешник Бектеши, најави дека ќе има јавна расправа за новите законски решенија.

Со законот не се дозволуваше пенизонери и приматели на социјална помош да продаават на зелените пазари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...