Продукцијата „ИНСАЈДЕР“ од Србија подготвува тужба за 1ТВ поради, како што наведуваат, неовластено користење на логото на емисијата.
– Поради поврзувањето со Инсајдер, кој е регионален познат формат, Инсајдер продукција прво упати опомена до телевизијата, а сега се подготвува и тужба. Инсајдер продукција во Македонија поднесе барање за признавање на логото Инсајдер, односно на името и на графичкото решение и во тек е постапката за регистрација. Во тужбата, која се подонесува поради повреда на правата од пријавата за логото, има и барање да се одреди привремена забрана за емитување на емисијата, до правната разрешница на случајот – се вели во соопштението од Insajder produkcija.