Фајненшал Тајмс за надминувањето на спорот за името: Македонското решение е позитивен чекор за Европа

- Сега е редот на Грција. Повеќе од очигледно е дека г-динот Ципрас ги има обезбедено потребниот број на гласови што се потребни за ратификација. Без разлика на повиците за осуда кои доаѓаат од националистите и од центристичката десница во опозицијата, извесно е дека договорот ќе биде изгласан со поддршка на То Потами, се заклучува во текстот објавен во влијателниот британски весник Фајненшал Тајмс.

306

Македонското решение е позитивен чекор за Европа – оценува угледниот британски весник Фајненшал Тајмс, кој во колумната на уредувачкиот колегиум на медиумот наведува дека со решавањето на 27 годишниот отворен проблем помеѓу Грција и Македонија е достигнато ретко достигнување вредно за прослава на Западен Балкан, информираа денеска од Владата на РМ.

Во тој контекст, Фајненшал Тајмс наведува дека отвореното прашање за разликите околу името меѓу двете земји беше кочница за ЕУ и НАТО интеграциите на нашата земја и како резултат на ваквиот политички контекст 2 милиони луѓе беа оставени со мали шанси за економски просперитет и без никаква гаранција за нивната сигурност и безбедност.

– Во јуни минатата година двајцата премиери потпишаа договор на брегот на Преспанското езеро со којшто земјата се преименува во Република Северна Македонија, се признаваат јазикот и култура, се разграничува дека не постои поврзаност со античкото културно наследство и се отстрануваат иредентистичките ставови во учебниците по историја – пишува Фајненшал Тајмс и додава дека спорот за името претставуваше ексцентричен анахронизам кој беше надвиснат над делот од Европа кој е синоним за буре барут на етнички тензии и геополитички ривалства.

– На новоизбраниот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, им припаѓаат заслугите за постигнатиот компромис. Грчкиот премиер ја презеде одговорноста и покрај отпорите на грчката опозиција – пишува британскиот весник Фајненшал Тајмс.

– Сега е редот на Грција. Повеќе од очигледно е дека г-динот Ципрас ги има обезбедено потребниот број на гласови што се потребни за ратификација. Без разлика на повиците за осуда кои доаѓаат од националистите и од центристичката десница во опозицијата, извесно е дека договорот ќе биде изгласан со поддршка на То Потами, мала централно-лево ориентирана партија која порача дека нејзините пратеници слободно ќе гласаат – се заклучува во текстот објавен во влијателниот британски весник Фајненшал Тајмс.

(ФОТО МИА)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...