ДОМ: Коалицијата на СДСМ вети, затоа прво една изборна единица, па избори

360

Партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) која е дел од коалицијата на СДСМ излезе со став дека предвремени парламентарни избори не се потребни сега, туку дека фокусот треба да биде на реализирањето на реформите со цел започнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Исто така, велат дека потребни се и реформи во изборниот модел.

„Следејќи ги најавите за предвремени парламентарни избори оваа пролет, ДОМ ја реафирмира потребата од итна измена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи и еднаков број жени и мажи на нив. Ова е наша долгогодишна заложба, за која бил поднесен и предлог-закон во Собранието, но, немало слух за тоа. Коалицијата што ја формираше СДСМ пред последните парламентарни избори даде јавно ветување дека ќе придонесе за демократизација на општеството и преку промена на изборниот модел од шест во една изборна единица. Сметаме дека е време да се пристапи кон исполнување на предизборното ветување“, потсетуваат од ДОМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...