Загина планинарката во бикини

4266
ФОТО: Инстаграм 

Триесет и шестгодишната Џиџи Ву, позната под името „планинарка во бикини“, загинала додека се обидувала да се качи на планината Јушан.

Таа стана славна на Интернет качувајќи се по планини во бикини, а цело време објавуваше фотографии на социјалните мрежи. На последната експедиција тргнала пред повеќе од една недела, а неодамна повикала пријател со помош на сателитски телефон и му јавила дека паднала низ планината и дека не може да се движи.

Спасувачките екипи ја пронашле 28 часа подоцна, но таа не давала знаци на живот.
Причина за смртта на Џиџи Ву било смрзнувањето.

Командирот на спасувачките служби Лин Ченг рекол дека Џиџи била пронајдена на речиси 2.000 метри надморска височина, а дека температурите таа ноќ паднале на два степени.

Во текот на 2018 година, Џиџи поминала дури 127 дена планинарејќи.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...