Крис Браун уапсен во Париз поради силување

522

Американскиот пејач Крис Браун бил уапсен во Париз поради сомнение за силување, изјавила француската полиција.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, 24-годишна девојка пријавила оти пејачот ја нападнал во хотел.

Таа и кажала на полицијата дека се сретнала со Браун во ноќен клуб во Париз, па отишле во хотел.

Уапсени биле уште двајца мажи, за кои медиумите велат дека се пријател и член на обезбедување на пејачот.

Браун во 2009 година ја нападна Ријана.

Во 2016 тој беше уапсен откако жена тврдеше оти и се заканил со пиштол, но откако беше ослободен, неговите адвокати тврдеа дека обвинувањата се неточни.

ФОТО: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...