Камп за посетителите на годинашниот Евросонг

56

Туристите кои в мај имаат намера да дојдат на Еуросонг во Тел Авив, ќе може наместо во скапи хотели, да изберат „урбано кампување”. Се говори за капацитет од околу 2.000 лица.

Градските власти објавија дека посетителите ќе може да бираат меѓу понуди за основно кампување и нешто полуксузна варијанта. „Градот под шатори“ ќе биде подигнат во паркот Јаркон, близу салата во која свеченоста ќе се одржи, а камперите ќе имаат сѐ што вообичаено е потребно за ваков престој. Градоначалникот Рон Хулдаи објави дека цените ќе бидат сосем достапни, но конкретни, официјални бројки сѐ уште не се изнесуваат.

Се очекува, европскиот музички ТВ натпревар да привлече најмалку 10.000 странски туристи. Тел Авив, инаку, е град со нешто повеќе од 400.000 жители.

Израелската пејачка Нета Барзилаи победи на минатиот Еуросонг 2018 во Лисабон, па така Израел стана домаќин годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...