Заев-Лорингхофер: Поддршка од НАТО за финалните чекори за членство на Македонија

93

Поддршка од НАТО за финалните чекори за членство и надеж дека Република Македонија ќе биде 30. земја членка на Алијансата изрази помошник генералниот секретар на НАТО, Арнд Лорингхофер кој денеска оствари средба со претседателот на Владата, Зоран Заев.

На средбата е констатирано е дека позитивните случувања во земјата се добра вест и за светот. Исто така, изразена е поддршка на насока на реформите и законската легислатива што се носи, во делот на професионализација и ефикасност на безбедносните служби.

– Членството на Македонија во НАТО ќе има позитивен импакт за нашата земја, но и во целиот регион, затоа што носи стабилност. Тоа ќе влијае и на развој на економијата, бидејќи инвеститорите пред се тргнуваат од стабилноста кога одлучуваат каде ќе вложуваат. Веќе сме во сериозни контакти со светски познати компании коишто се заинтересирани за инвестирање во регионот и имаме позитивни сигнали дека во Република Македонија гледаат сериозни потенцијални можности, поради отворените НАТО перспективи – рече Заев.

Тој соопшти дека реформите во безбедносните служби се прават низ инклузивен процес во државата, но и според успешни модели од земјите членки на НАТО. Најави дека и во следните чекори, Владата тесно ќе соработува со НАТО земјите во врска со заокружувањето на професионализацијата на безбедносниот сектор, затоа што целта на Република Македонија е да биде партнер за пример во НАТО.

Високиот претставник на НАТО, Лорингхофер, изрази благодарност за придонесот на нашата држава во мировните мисии и растечкото учество на војници на АРМ во мисиите во Авганистан.

На средбата е разговарано и поконкретно за актуелната безбедносна состојба во државата и во регионот. При тоа, премиерот Заев изрази благодарност до претставниците на НАТО за денешната средба, како и за континуираната поддршка што доаѓа од генералниот секретар на НАТО и од земјите членки за Република Македонија, а коишто ги оцени како значајно охрабрување за институциите, правосудниот систем, администрацијата, медиумите, граѓаните, дека државата се движи во вистинската насока.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...