Индонезијка си го запалила сопругот зашто не ѝ ја дал лозинката за смартфонот

102

Деди Пурнама (26), од индонезиската провинција Источна Јава, починал откако неговата сопруга, една година помладата Илхам Кахјани го запалила.

Сѐ почнало кога таа му ја побарала лозинката за отклучување на неговиот смартфон. Тој одбил да го стори тоа, настанала кавга, па тој ја удрил.

Тогаш, изневерената жена го полеала својот сопруг со бензин и го запалила. Мажот е згрижен в болница, но по два дена починал.

Жената е уапсена и сега се соочува со обвинение за убиство со предумисла.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...