Ни претстои уште една важна година како регион. Силно сме посветени на заедничката работа која ќе вроди регионални придобивки. Подготвени сме да бидеме дел од напредокот секогаш кога напредок е можен, порача шефот на македонската дипломатија Никола Дримитров на средбата со новиот генерален секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.
Димитров истакна дека придобивките за граѓаните од Самитот на Берлинскиот Процес во Познан (јули 2019-та) се отсликуваат во сферата на дигитализацијата, мобилноста на младите и подобрување на инвестициските услови. Заложбата на секоја од земјите од регионот, во исполнување на обврските ќе се рефлектира на квалитетот на животот на граѓаните, а тоа е основната цел на сите напори.
.