Законот за употреба на јазиците испратен на преглед во Венецијанската комисија

Вицепремиерот Бујар Османи претходно изјави  дека до Венецијанска ќе се испратат само спорните членови за униформите на војската и банкнотите. Тој дури изјави дека додека професорката Тања Каракмишева е член на Венецијанската Комисија, најдобро е Законот воопшто да не оди на проверка во тоа тело.

315

Владата согласно својата претходно донесена одлука, ја испрати целосната содржина од Законот за употреба на јазиците на мислење до Венецијанската Комисија, заедно со алтернативниот текст на членот 8*, кој не е составен дел од Законот, од причина што се постави прашањето за неговата усогласеност со Уставот на Република Македонија, соопшти Владата.

Вицепремиерот Бујар Османи претходно изјави  дека до Венецијанска ќе се испратат само спорните членови за униформите на војската и банкнотите. Тој дури изјави дека додека професорката Тања Каракмишева е член на Венецијанската Комисија, најдобро е Законот воопшто да не оди на проверка во тоа тело.

Станува збор за одредбите за парите, хартиите од вредност и униформите.

Алтернатива на член 8 од Законот за употреба на јазиците гласи: Книжните и кованите пари, хартиите од вредност, поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, фактурите од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, бандеролите, се пишуваат на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

Книжните и кованите пари како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

Униформите на полицијата; одбраната; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

– Во писмото што како прилог е проследено до претседателот на Венецијанската Комисија Џани Букичио, се истакнува дека, како и досега мислењата на Венецијанската комисија за законската регулатива во земјава претставуваат значајна поддршка на реформите на правниот систем во Република Македонија чија цел е воспоставување на највисоките европски стандарди, особено што Законот за употреба на јазиците регулира значајно прашање во насока на остварување на програмските определби на Владата  за воспоставување едно општество за сите, стои во соопштението.

Во писмото до Венецијанската Комисија пишува дека испраќајќи го Законот и алтернативата на членот 8, Владата на РМ очекува мислење по истите од аспект на нивната усогласеност со европските стандарди и со принципот на  владеење на правото.

Во писмото се додава дека Законот за употреба на јазиците произлегува Охридскиот рамковен договор кој е имплементиран во Уставот на Република Македонија, и дека една од целите на Законот е да  се создаде хармонична правна рамка во која законските одредби нема да ја загрозат уставноста на Република Македонија, ниту европските стандарди, и што воедно ќе претставува добра почетна основа за процесот на негова имплементација.

Членот 8, во усвоениот текст на Законот за употреба на јазиците, усвоен во Собранието на 14 јануари 2018 година, гласи: Книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

(2) Поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, фактурите од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, бандеролите, се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

(3) Униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...