УЈП го олесни патот на граѓаните до даноците преку брошури

Во нив се објаснети и постапките за полесна пресметка и пријавување на остварениот доход преку системот е-Персонален данок.

142

Управата за јавни приходи изработи електронски брошури за запоснавање на граѓаните со оданочувањето на одделните видови на доход (примања) кои произлегуваат од новините во Законот за данокот на личен доход кој се применува од 1 јануари 2019 година. Во нив се објаснети и постапките за полесна пресметка и пријавување на остварениот доход преку системот е-Персонален данок.

Брошурите се однесуваат на:

Oданочување на доход од закуп и подзакуп (2019),

Оданочување на капитална добивка од продажба на недвижен имот (2019),

Оданочување на приходи од продажба на сопствени земјоделски производи (2019),

Оданочување на приходи остварени од вршење самостојна дејност во 2018 година (2019),

Потврдување на годишна даночна пријава за остварени приходи во 2018 година (2019).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...