Службени белешки, партиски известување и изјави меѓу доказите во „Титаник“

103

Со одложување од еден час поради неприсуство на обвинетите Миле Јанакиески и Мунир Пепиќ кои подоцна беа сприведени од куќен притвор, во Кривичниот суд започна рочиштето за предметот „Титаник“ на СЈО.

Обвинителката Лиле Стефанова денеска продолжи со изнесување на материјалните докази од онаму каде на минатото рочиште застана нејзиниот колега Бурим Рустеми.

Во материјалите меѓу другото беа прикажани службени белешки, партиски известувања, изјави од лица, потврди за одземени предмети…

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...