Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.
Температури ќе се движат од 1 во Маврово, 3 во Битола и Берово, 4 во Охрид и Крива Паланка, до 5 степени во Скопје, Кавадарци 6 и 8 Целзиусови степени во Дојран.