Хрватска вечерва загуби од Германија со 21:22, иако одлично одигра, и ја пропушти шансата да стигне до полуфиналето на Мундијалот. Домагој Дувњак не сакаше да коментира за судењето.
– Сакам да им честитам на соиграчите на борбата која ја водевме 60 минути. Примивме неколку несреќни гола, невозможно беше како Виде даваше голови. Сѐ уште сум под импресии, не сакам да коментирам околу судењето, но таа ситуација во последната минута, тоа не се свири во ваков натпревар. Мора да собереме сили и заедно да играме против Франција, за да дојдеме до потврда на Олимписките игри – изјави Дувњак.
Хрватска ќе го одигра дуелот со Франција, а потоа можеби и ќе разигрува за пласман на Олимписките игри.