Пратеникот Ибраимоски Самка деновиве ја заврши Стратешката Декларација за Ромите, Промени за добробит на Ромите во Македонија.
– Согледувајќи како понатаму, сакав да знам колку проекти се реализирани во Република Македонија од Донатори од Европската Унија.
Кога ги видов бројките, односно колку милиони евра се влезени во Македонија кај Ромските невладини организации, се фрапирав – кабинетот ми се сврти за 360 степени , си велам кај отишле овие 25.262.525.76 милиони долари, што е подобрено за мојата заедница?, се прашува Ибраимоски.
Едно големо НИШТО, нема да ги именувам Организациите Невладини, но ќе ги прашам поединечно: Што направивте со овие пари, ова се пари од 2011 до 2016 година? Но има уште грантови што се дадени – тоа е плус. Кој ги употреби Ромите за лично богатење, а Ромите живеат сѐ уште мизерно?
Само Општината Шуто Оризари има над 600.000 илјади долари во време на владењето на Елвис Бајрам, што да кажам друго кога сѐ видов. Овие бројки се 100 отсто точни, затоа сегашната власт треба да размисли со кои Невладини органоизации соработува.
Јас како пратеник им порачувам на владините функционери да не се залетуваат за соработка со невладини Ромски организации, кои на грбот на Ромите лично се збогатиле. Јас нема да дозволам некој да се збогатува на грбот на мојот напатен народ, како пратеник во Собранието на Македонија.
Размислете добро со кого соработувате! порачува Ибраимоски.