Најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар, се изрази доста позитивно за својот тренер во ПСЖ, Томас Тухел и дури изрази подготвеност да „умре за него“.
– Односите ни се пријателски, но исто така има огромен взаемен респект. Многу го почитувам како тренер и кога треба да зборуваме еден со друг, го правиме тоа. Уште по првиот наш разговор ја пронајдов оваа врска помеѓу нас. И кога таа постои, тогаш си спремен да го дадеш својот живот за тренерот. За Тухел би го дал најдоброто од себе, за да победиме – изјави Нејмар пред француската телевизија „Канал +“.
ПСЖ е лидер во Лига 1 со 53 бода од 19 натпревари, 13 повеќе од вториот Лил, кој сепак има 2 натпревари повеќе. Бразилскиот ас досега придонесе со 13 гола и 6 асистенции во француското првенство.