Пуштен во употреба реновиран дел од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

156

Комплетно реновиран дел од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија е пуштен денеска во употреба, објави попладнево на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Станува збор, за комплетна реконструкција на болничките соби, кујната, сите тоалети и бањи за пациентите, подовите, водоводната и електричната инсталација, како и осветлувањето.

Од 1 март ќе стартува и втората фаза од реконструкцијата на оваа Клиника кога ќе се обнови вториот дел од болничко сместување. Реконструкцијата ќе се одвива во неколку фази со цел да не се намали капациетот и прием на пациенти, истакнува Филипче.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...