Владата на денешната седница усвои информација за реализацијата на нејзината одлука со која ги задолжи министрите, замениците министри, државните секретари, генералниот секретар и премиерот, да достават информации за службените трошоци направени во рамките во првите шест месеци од преземањето на функциите, поточно од јуни до ноември 2017 година.
Целосниот увид во овие трошоци јавноста во Република Македонија ќе го има преку алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, која ќе биде презентирана на прес-конференција во Владата, што е најавена за утре.