Словенечкиот министер за одбрана: И ние направивме многу компромиси за влезе во НАТО и ЕУ

307

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Министерството се сретна со нејзиниот словенечки колега, министерот Карл Ерјавец, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

Ерјавец, нарекувајќи го овој период за Македонија историски, посочи дека и Словенија, како и Македонија направи многу компромиси за членство во НАТО – Алијансата и во Европската Унија и додаде дека му е задоволство што Македонија е на патот за влез во НАТО.

– Искрено ја поддржувам Македонија за нејзините напори за влез во НАТО – тоа го покажавме и со фактот дека контакт-амбасада за влез во НАТО е словенечката амбасада и имаме денеска тука наши претставници. Постојано ќе ја поддржувам Македонија за влез во НАТО-сојузот – рече словенечкиот министер за одбрана.

Шекеринска, пак, рече дека Македонија е горда на своето постигнување.

– За неполни 2 години успеавме да ја нормализираме државата, да ги вратиме на сила основните демократски правила и шанси. И вие како Словенија имате право да бидете горди на овој наш успех, бидејќи успехот на нашата држава на планот на членството во НАТО и членството во ЕУ морам да признаам дека има силна словенечка боја – рече Шекеринска по средбата.

Таа истакна дека Словенија како сериозна држава не ја дава својата поддршка бланко и само на зборови.

– Покажавме дека демократијата, владеењето на правото, медиумските слободи, реформите, реформите во безбедносниот систем, грижата за Армијата и нејзините членови не се само зборови на хартија, туку се дел од нашите приоритети и нашата политика. Ги следиме насоките на алијансата за зголемување на одбранбениот буџет, тоа значи повеќе пари за Армијата на нашата држава, ја зголемивме мотивираноста кај секој припадник  на АРМ, со две години по ред зголемување на платите и со подобри услови за работа. Ова е начинот на кој Македонија ја внесуваме во НАТО, но и НАТО стандардите чекор по чекор ги вградуваме во нашите стандарди – додаде министерката.

Словенечкиот министер беше и во Владата каде се сретна со премиерот Зоран Заев и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...