Со „ауди“ се забил во излог од парфимерија во Неготино

119

Неготинец, вчера со „ауди 3“ влетал во излогот од неготинска парфимерија. Повредени нема, причинета е само материјална штета. Оваа информација, денеска ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој појасни дека сообраќајната незгода се случила на улицата „Маршал Тито” во Неготино.

Бил извршен увид на лице место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...