Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле ќе отсуствува од фудбалските терени следните петнаесетина дена поради повреда на зглобот, информира прес-службата на клубот.
Фудбалерот се повреди на вчерашниот натпревар од 20. Коло во шпанската Примера против Леганес (3:1). Французинот кој беше сменет во 69.минута, беше стрелец на еден од трите гола на каталонскиот тим.
Дваесет и едногодишниот Дембеле оваа сезона настапи на 27 натпревари за Барселона и постигна 15 гола со пет асистенции.
ФОТО: EPA / Alejandro Garcia