Гага критикува што сопругата на Пенс прифатила работа во училиште кое дискриминира ЛГБТИ деца

353

Лејди Гага паузираше додека ја изведуваше песната „Million Reasons“ за да им се обрати на американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, пренесува „Билборд“.

– Ќе сака ли претседателот на САД да се надмине проблемот со Владата … има луѓе кои живеат од плата до плата и имаат потреба од пари – рече пејачката.

Потоа таа му се обрати и на Пенс, чија жена Карен беше нападната поради тоа што прифатила работа во училиште кое исклучува ЛГБТИ деца.

– И до Мајк Пенс, кој мисли дека е прифатливо неговата сопруга да работи во училиште кое ги банира ЛГБТИ децата: не си во право. Ти велиш дека не треба да го дискриминираме христијанството. Ти си најлошиот пример за тоа што треба да биди еден христијанин. Јас сум жена христијанка и јас тоа што го знам е дека ние немаме предрасуди и сите се добредојдени. Да си го земеш тој срам господине Пенс и можеш да се видиш во огледалото, па ќе го најдеш токму таму – додаде таа.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...