Повторно одложени завршните зборови на Русковска за 27 април

210

Судењето за случувањата на 27 април 2017 година во Собранието се одложи за 31 јануари бидејќи Апелација сѐ уште нема одговорено на сите жалби по барањата за амнестија.

Судијката Добрила Кацарска, на почетокот на денешното рочиште извести дека сѐ уште не се правосилни сите одговори по жалбите на одбиените барања за амнестија од Апелација.

– За Абдулфета Аљими била закажана јавна седница на Апелација за петок, но не се одржала и е закажана за денеска. Обвинителката Вилма Рускоска следната недела ќе биде службено отсустна и тие рочиштата се откажуваат, па следното рочиште ќе се одржи на 31 јануари – изјави Кацарска.

На обвинителна клупа остануваат петмината кои не побараа амнестија: екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот во МВР за униформирани лица Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.

Судот ги одби барањата за амнетсија на Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ѓошевски, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

На следното рочиште треба да се започне со завршни зборови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...