Во централните и североисточните делови на САД владеат екстремно ниски температури и снежна бура, а поради тоа целокупниот сообраќај се одвива доста отежнато.
Според податоците на компанијата Флајт Авеар, која ги евидентира авиолиниите, на аеродромите во САД се откажани околу 5.000 летови. Не работат и дел од железничките линии меѓу Чикаго, Нујорк, Бостон и Вашингтон.
Забележани се и бројни сообраќајни несреќи поради голомразица на коловозите.