Научници од Универзитетот на Пенсилванија во САД, сметаат дека печурките од видот Болетус едулис може да го намалат стареењето на човековиот организам, поради мноштвото антиоксиданти кои овие плодови ги содржат.
Благодарение на ерготионинот и глутатионот, како и на витаминот Д, оваа намирница може значитено да го забави влијанието на времето врз човекот, негувајќи ја кожата и зајакнувајќи го како имуниот систем, така и процесите на регенерација.
Овие аминокиселини се содржат и во зеленчукови и овошни плодови, но во печурките нивното присуство е до 10 пати поголемо.
ФОТО: МИА