По 13 години, „Д Ху“ со нов албум

Гитаристот Пит Тауншенд само најави дека обожавателите ќе може да очекуваат „мрачни балади, тешки рок-материјали, експериментална електроника, впечатливи музички делови и типични ’Д Ху’ песни кои почнуваат со гитара која дава ’јанга-денг’ звук”.

96
ФОТО: EPA / DANIEL LEAL-OLIVAS

Британскиот рок-бенд „Д Ху“ го најави издавањето на новиот албум за оваа година. Во истовреме тие ја потврдија и турнејата низ Северна Америка.

Проектот кој засега нема наслов, е наследник на нивниот 11. студиски албум „Endless Wire”, објавен во 2006 година. Гитаристот Пит Тауншенд само најави дека обожавателите ќе може да очекуваат „мрачни балади, тешки рок-материјали, експериментална електроника, впечатливи музички делови и типични ’Д Ху’ песни кои почнуваат со гитара која дава ’јанга-денг’ звук”.

Групата исто така открила подробности и за американската оркестрална турнеја. Пејачот Роџер Далтри изјави дека оркестарот нема да го компромитира начинот на кој тој и Пит ја испорачуваат музиката. Натаму тој најави дека ова може да биде негова последна турнеја.

– Морам да бидам свесен колку години имам, а гласот почнува и да ме напушта. Сакам да бидам добар како што бев пред две години – изјави 74-годишниот Далтри во едно скорешно интервју.

ФОТО: EPA / DANIEL LEAL-OLIVAS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...