Во Општина Карпош заврши меморијалниот турнир во мал фудбал кој традиционално се организира во чест на Тоше Проески. Турнирот се организираше во Општина Карпош, каде пејачот и живееше последните години, во населбата Злокуќани.
Годинава, тој имаше интернационален карактер, а првото место го освои екипата на Нова Градишка, Хрватска.
Второпласирана е екипата од Корча, Албанија, а на третото место тимот од родното место на Тоше, Крушево.
Покрај домаќините од Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев, на турнирот присуствуваше и градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ.