Женскиот бенд Спајс Грлс наводно е по потрага по петиот член откако пред неколку месеци најави дека ќе направи „камбек“ на сцената.
„Спајсиците“ бараат замена за Викторија Бекам која одби повторно да запее со популарниот состав иако дожвеаја голем успех со настапот на затворањето на Олимписките игри во 2012 година.
Како што пишуваат британските таблоиди, една од членките на бендот, Мелани Чисхолм, ѝ го понудила испразнетото место на Сара Алто, поп ѕвездата која ја претставуваше Финска на минатогодишната Евровизија.
Друга „спајсица“, Мелани Браун, пак, изјавила дека попрво би прифатила во бендот да им се придружи некоја попозната пејачка, како што се Тејлор Свит, Кејти Пери и Адел.