Експлозија се слушнала синоќа околу 21.45 часот во двор сопственост на Г.К., кој моментално се наоѓа во странство.
Експлозијата ја слушнал 60-годишен скопјанец кој влегол во дворот и забележал дека биле изгорени две дрва. Повредени лица нема.
Полицајци излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.