НИКОБ за инцидентот со новинарката: Обезбедувачите чесно и професионално беа на висината на задачата

632

Од Агенцијата за обезбедување НИКОБ, излегоа со реакција во врска со вчерашниот инцидентот во Скопје за време на манифестацијата на положување на крстот во реката Вардар наведувајќи дека жалат што медиумот и новинарката сакаат да му дадат таква конотација на нивниот труд.

Оттаму посочуваат дека обезбедувачите сторо се придржувале до нивните задачи и планот за движење, а организаторот на настанот, МПЦ им се заблагодарил за професионалноста.

Реакцијата, ја пренесуваме интегрално:

„Националната агенција за обезбедување НИКОБ и годинава традиционално ја обезбедуваше манифестацијата на положување на Светиот Крст во водите на Вардар. За чествувањето на еден од најголемите христијански празници Богојавление-Водици, нашата агенција се погрижи со 30 обезбедувачи, за манифестацијата да мине во најдобар ред.

Но, одреден медиум јавува дека на чествувањето на христијанскиот празник дошло до немил инцидент и напад на новинар кој известувал за настанот. За жал, медиумот искажа јавно незадоволство и упати обвиненија за  непрофесионално однесување на вработени во агенцијата.

НИКОБ обезбедување,како и минатите години хуманитарно се погрижи за безбедноста а за време на одржување на манифестацијата се придржуваше на утврдениот протокол од страна на организаторот. За успешно завршеното обезбедување на манифестацијата од страна на организаторот ни беше искажана благодарност и честитки.

За настанот НИКОБ обезбедување потенцира дека обезбедувачите строго се придржуваа кон задачите, одредениот план за движење и дека обврската на вработените е да обезбедуваат, а не да напаѓаат новинари поради што искрено жалиме што медиумот и новинарот сакаат да му дадат таква конотација на нашиот труд“, наведуваат од агенцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...