Заев: Бегството на Груевски не припаѓа на процесот на помирување

749

Премиерот Зоран Заев во интервју за Цивил медиа зборува на различни теми, меѓу кои и за помирувањето и за амнестијата. За амнестијата вели дека е строго контролирана и ограничена и има за конечна цел да придонесе кон помирување помеѓу народните избраници. Бегството на Грувски, пак, не е дел од тој процес, дециден е премиерот.

– Сакам да сум јасен, бегството на Груевски никако не припаѓа во процесот на помирување и градење доверба меѓу различните политички структури во општеството. Напротив, бегството на Груевски е чин на неодговорност и предавство кон сопствената држава и сопствениот народ. Исто така, воведувањето домашни притвори за дел од обвинетите од случаите на СЈО се одлуки на судските власти каде немаме намера и никако не смееме како извршна власт воопшто да се мешаме – доста беа нарачки на судски одлуки и тефтери, видовме до каде нѐ доведе тоа – вели Заев.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...