Сашко Кедев и Ганка Цветанова го развеаја знамето на највисокиот врв во Јужна Америка (ГАЛЕРИЈА)

4743

Познатиот доктор Сашко Кедев и поранешната министерка за култура Ганка Цветанова го развеаа македонското знаме на еден од највисоките планински врвови во светот.

Тие се искачија на врвот Аконкагва, највисокиот во Аргентина, Јужна Америка, и највисок надвор од Азија со висина од 6.962 метри надморска височина.

За Кедев ова е втор пат како го освојува Аконкагва. Цветанова, пак, не успеала да се искачи до крај, стигнала само до 6.000 метри надморска височина.

Станува збор зе највисокиот врв во западната и јужна хемисфера. Се наоѓа на планинскиот венец Анди, на територијата на денешна Аргентина во близина со  чилеанската граница, односно на 15 километри од самата граница.

Ексклузивните фотографии од нивниот подвиг се објавени на Фејсбук.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...