Градскиот превоз во Скопје од 12 часот е бесплатен

1159

Прагот на алармирање за загаденоста на воздухот е надминат на дел од мерните станици во Скопје, Битола, Тетово и Струмица, поради што стапија на сила мерките против аерозагадувањето. Меѓу мерките е и бесплатниот прево во главниот град.

Од 12 часот, информираа од ЈСП, користењето на градскиот превоз во Скопје е бесплатно.

Одлуката ќе важи се до моментот на намалување на загадувањето, за што дополнително ќе известат од ЈСП.

Порпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на денешната прес-конференција ги соопшти и останатите итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот, за кои можете да прочитате ТУКА.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...