АВМУ: Неприфатливи се заканите и нападите на новинарски екипи

159

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ги осудува вчерашните напади на новинарка и фоторепортери за време на одбележувањето на верскиот празник Водици во Скопје, реагираат од АВМУ.

„Медиумските работници треба да имаат слободен пристап до сите настани и да им се овозможи професионално да ја извршуваат својата работа – информирање на јавноста. Зачувувањето на достоинството на новинарската професија е особено важно и од тие причини целосно неприфатливи се заканите и нападите на претставниците на медиумите“, пишува во соопштението.

Покрај АВМУ, со осуди за инцидентот се јавија и останатите новинарски организации: Самостојниот синдикад на новинари на Македонија (ССНМ), Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Македонската асоцијација на новинари (МАН), а од олитичките партии досега реакција имаше само од СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...