И Влатко Ѓорчев го исцрнија со саѓи на карневалот во Ратево (ФОТО)

793

На традиционалниот карневал во беровското село Ратево, меѓу гостите е и пратеникот Влатко Ѓорчев.

По правило, секој посетител на влезот во селото се исцрнува по лицето со саѓи, па таква судбина го чекаше и Ѓорчев.

Тој рече дека карневалот е убава повеќевековна традиција и доказ колку се длабоки нашите корени.

Според најавите, во Ратево денеска треба да се прикажат над 300 маскирани лица и да има околу 2.000 посетители. Галерија од карневалот можете да погледнете ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...