Жбогар: Треба да се пресмета дали ќе има доволно време и за избори и за реформи

839

Евроамбасадорот Самуел Жбогар не очекува да има пречи на патот на Македонија кон ЕУ. Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека во следните неколку месеци потребно е да се спроведат реформи, а за барањето за предвремени избори потенцира дека треба да се предмета дали ќе има доволно време и за парламентарни избори и за реформи.

– Одлуката за парламентарни избори е суверена одлука на државата, на партиите, на пратениците во парламентот, тие се оние кои треба да одлучат и ние не треба да влијаеме на тоа. Во исто време треба да сме свесни дека има одредени реформи коишто треба да се имплементираат во следните месеци и тоа треба добро да се пресмета. Дали ќе има доволно време за двата процеса или како двата процеса ќе си влијаат меѓусебно. Како што кажавме и претходно, многу е важно до јуни да се демонстрира пред земјите членки дека има промена во земјата во однос на реформите, но прашањето за предвремени избори го оставаме на политичките партии и пратениците, тие да одлучат – вели Жбогар.

Целото интервју можете да го прочитате и погледнете ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...