Жбогар: Помирувањето не треба да запре со амнестијата за 27 април

241

Евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за Радио Слободна Европа вели дека процесот на помирување не трепа да запре со амнестија за настаните од 27 април, туку да продолжи. За „крвавиот четврток“, потенцира дека инсистираат дека насилниците и организаторите треба да понесат одговорност преку судски процес.

– Ние ја разбираме загриженоста којашто постои во јавноста околу амнестиите. Исто така инсистираме дека мора да се понесе одговорност за настаните од 27 април и затоа секогаш инсистираме дека за тие кои направиле насилства и кои ги организирале треба да продолжат процесите за нив и тие ќе продолжат, значи во одреден момент, ќе се понесе одговорност за овие настани во судски процес. Во исто време ја разбираме и потребата за помирување во општеството, постои огромна поларизација во општеството, во политиката најпрво, но се рашири и во општеството, значи има потреба од помирување и таа почна со амнестија за настаните од 27 април. Не треба да запре таму, мислам дека вакви активности и напори за помирување, треба да продолжат. Но, разбирате дека ова беше многу чувствителен момент неодамна и имаше потреба да се почне од некаде и почна токму од амнестија за оние кои учествувале, а не биле насилни на тој настан од 27 април – вели Жбогар.

Целото интервју можете да го прочитате и погледнете ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...