Надал лесно стигна до четвртфиналето на Австралија Опен, Шарапова елиминирана

127
ФОТО: EPA/MARK LYONS

Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал по единаесетти пат се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен по убедливата победа со 6:0, 6:1, 7:6 (4) над Томаш Бердих за 2 часа и 5 минути игра. Тоа беше 19-та победа за Шпанецот во четвртфиналето во последните 20 официјални натпревари меѓу двајцата.

Во првите два сета недостасуваше неизвесност, бидејќи Надал направи вкупно 5 брејка (три во првиот и два во вториот). Третиот дел, сепак, беше поизедначен, и ниту еден од ривалите не можеше да го одземе сервисот на другиот. Ова резултираше со тајбрејк, каде што шампионот од 2009 година ја обнови предноста од еден мини-брејк за да го затвори сетот и натпреварот.

За место во полуфиналето тој ќе се соочи со Френсис Тиафо од САД, кој малку порано го надигра Григор Димитров со 7:5, 7:6 (6), 6:7 (1), 7:5.

– Многу сум задоволен. Играм добро во Австралија. Ја очекував реакцијата на Бердих во третиот сет. Никогаш не сум играл со Тиафо. Тој е многу брз, со силен сервис и десна рака – рече Надал по победата.

Поранешната број 1, Марија Шарапова, пак, беше елиминирана во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија. Русинката беше поразена по над двочасовна битка на теренот од локалната миленичка Ешли Барти со 6:4, 1:6, 4:6.

Дваесет и две-годишната Барти стана првата Австралијка по 10 години, која наоѓа место во четвртфиналето, каде што нејзина соперничка ќе биде Чехињата Петра Квитова, која ја отстрани Американката Аманда Анисимова со 6:2, 6:1.

Барти беше поддржана силно од навивачите на трибините каде присуствуваше и легендата Род Лејвер и премиерот на земјата, Скот Морисон.

Шарапова се држеше добро на теренот во првиот сет, откако направи брејк во деветтиот гем. Во вториот Барти направи два брејка и го израмни резултатот во сетови.

Одлучувачкиот сет започна лошо за Русинката, која поведе со 0:4, но успеа да освои три последователни гемови. Сепак, ова беше недоволно за да се спречи Барти да учествува во четвртфиналето, со што г повтори постигнувањето на Јелена Докиќ од 2009 година.

– Едноставно нереално е да се игра и да се победи на овој прекрасен терен пред полни трибини – сподели среќата Барти по мечот.

ФОТО: EPA/MARK LYONS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...